Одземени пасошите на Филип Андов Сокол и другите осомничени по акцијата во Шутка
Судија на претходна постапка од Кривичниот суд постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција определи мерки за претпазливост за 10 лица поврзани со акцијата спроведена во КПУ Затвор Скопје, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
Судијата донел решенија со кои по произнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на нивни бранители, како и ценење на приложените факти и докази, го прифатил предлогот и на 10 лица им определи мерки за претпазливост за одредни обвинети односно забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на осомничените да се јавуваат повремено на определено службено лице во судот, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица – осомничените во оваа постапка, како и забрана за преземање на определени работни активности, а кои се поврзани со кривичното дело.
Од Основниот кривичен суд посочуваат дека против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
МВР синоќа соопшти дека поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје Ф.А. и затворскиот полицаец С.К. вчера биле приведени поради сомнежи за злоупотреба на службена положба и овозможување бегство на лице лишено од слобода, како и оти против нив, и уште осум лица биле поднесени кривични пријави.
Полициската акција следува откако Управата за извршување санкции спроведе контроли за работењето во казнено-поправните установи и констатира злоупотреби во работењето на некои од раководниот кадар во затворите. Сознанијата за тоа беа доставени до МВР и Обвинителството.
Ново на Сител
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко