Одземена акредитацијата на Руската телевизија за известување од американскиот Конгрес
На руската телевизија РТ, која е под контрола на Кремљ, а во САД е принудена да се регистрира како „странски агент“, одземена и е акредитацијата за известување од американскиот Конгрес во Вашингтон.
Одборот новинари кој одлучува за доделување акредитации за Конгресот соопшти дека акредитацијата за РТ е поништена со едногласна одлука.
- Таа мерка е преземена како одговор на регистрирањето на ТиР Продакшн ЛЛЦ - компанијата која управува со РТ, како странски агент, се наведува во објаснувањето во писмото кое на рускиот медиум му го испрати Краиг Каплан, претседател на Извршниот одбор на конгресните радио и телевизиски известувачи.
Тој додаде дека акредитациите, според правилата на одборот, „не се даваат на подносителот вработен кај која било странска влада или нејзин претставник“.
Министерството за правда на САД во септември побара од РТ да се регистрира како „странски агент“ бидејќи информативната служба проценила дека таа телевизија е „главен меѓународен пропаганден медиум на Кремљ“.
Ново на Сител
-
Хрватска повлекува морска сол од пазарот поради присуството на пластика
-
УХМР со предупредуваање: Следува период на многу топло време
-
Автобус на ЈСП се качи на заштитна ограда пред Мавровка | ФОТО
-
Кривичниот суд ги одби приговорите: На таткото на Вања ќе му се суди за грабнување на ќерката
-
Словачкиот премиер Фицо на прво официјално патување надвор од Братислава по обидот за атентат
-
Нова промена на цените на горивата
-
Три лица повредени, меѓу нив и малолетник кога возило излета од патот во Скопско
-
Во тек е кампањата „Носи кацига“