Спорт плус
10. October 2016 - 11:55

Одржан Поштенскиот маратон Прилеп 2016

Низ улиците по Прилеп вчера се одржа Поштенскиот маратон 2016. Во трка со специфични карактеристки (неколку долги нагорнини) првото место во маратонската трка го освои Саша Столиќ од Србија со време 2:48.50 часа, а втората позиција му припадна на македонскиот маратонец Александар Кираџиев со резултат - 2:51.50 часа, додека како трет целта ја мина Трпе Мартиновски - 3:16. 39 часа. Воедно Кираџев беше најдобропласиран од македонските натпреварувачи.

Во женска конкуренција победи неговата сестра Весна Кираџиева која имаше време 3:20.47 часа, пред Снежана Милошевиќ 3:42. 22 часа и Миљана Ристиќ 3:47.37 часа (двете од Србија).
На полумаратонската трка прва кај жените беше Адријана Поп Арсова - 1:33.33 час, а кај мажите најуспешен беше Кристијан Стошиќ (Србија) - 1:16.42 час, зад него целта на оваа трка ја мина Атанас Анчевски со време 1:17.01 час.