-->
-->
Одредена мерка притвор за уапсените за несреќата со мигрантите кај Пелопонез
-->
Мерка притвор им е одредена на деветтемина уапсени Египќани за несреќата со мигрантите минатата седмица во морскиот дел во близина на Пелопонез, под сомнение дека се криумчари, јави дописничката на МИА од Атина.
Уапсените вчера беа изведени пред истражен судија и обвинител во грчкиот град Каламата, а според грчката новинска агенција АНА-МПА по маратонското сослушување што траело 13 часа, било одлучено да бидат притворени.
Во несреќата што се случи во средата беа спасени 104 лица и извлечени безживотните тела на 82 лица, додека пак непознат е бројот на исчезнати со оглед на тоа што официјално не е познато колку лица се пренесувале, а според преживеаните бројката е околу 700 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Аргентина
-
Дачиќ: Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, досега се сослушани 26 лица
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија