Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
Суд на Босна и Херцеговина им одреди едномесечен притвор на министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, директорот на „Патишта на Република Српска“ Милан Дакиќ и Младен Лучиќ, сопственик на компанијата „Легенда „ од источно Сараево, кои Обвинителството ги товари за заговор за извршување кривични дела, перење пари, примање мито и злоупотреба на службената положба или овластување.
Во соопштението на Судот на БиХ, објавено на страницата на оваа судска институција по полноќ, се наведува дека мерката притвор за Нешиќ, Дакиќ и Лучиќ е одредена „поради страв дека ќе уништат, скријат, менуваат или фалсификуваат докази и траги важни за кривичната постапка и влијаат врз сведоците, соучесниците или прикривањата“.
Рочиштето во Судот на БиХ, на кое Обвинителството на БиХ побара на тројцата да им се одреди притвор, се одржа вчера.
На Нешиќ пред закажаното рочиште му се слоши, па заврши во итната медицинска помош, за по завршувањето на рочиштето повторно да му се слоши, по што бил хоспитализиран во Клиничкиот центар во Сараево.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање