Свет
10. January 2017 - 8:41

Одново ќе биде отворена амбасадата на Италија во Триполи

Италијанскиот министер за надворешни работи Марко Минити соопшти дека Амбасадата на Италија во Триполи ќе почне повторно со работа откако беше затворена во 2015 година заради насилствата.

- Италијанскиот амбасадор денеска ќе врачи акредитивни писма и ќе почне со работа во Триполи, изјави Минити на прес конференција со либискиот министер за надворешни работи Мохамад Тахер Сијала. Минити не даде детали за обезбедувањето на Амбасадата.

Во Триполи во изминатите години беа извешени неколку напади врз амбасади и дипломати. Амбасадата на Италија беше една од последните западни затворена во февруари 2015 година откако сојузот од милиции Фаџр Либија го зазеде либискиот главен град по жестоки судири.