Одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошковски одложена за 5 јануари
Одлуката за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, Судот во Солун ќе ја објави на 5 јануари 2018 година, потврди за МИА нивниот адвокат Петар Василев.
Одлуката требаше да биде соопштена денеска, но поради неможност да биде обезбедн преведувач на македонски јазик, на што инсистирале адвокатите на обвинетите, тоа е одложено за 5 јануари.
На минатите рочишта како единствени сведоци беа сослушани Василев и Александар Даштевски.
Василев посочи дека доколку Судот одлучи позитивно на барањето за екстрадицијата, како одбрана имаат право на жалба до Врховниот суд во Атина, во рок од 24 часа.
Грчкиот обвинител во случајот побарал да одобри екстрадицијата во Македонија на двајцата поранешни началници во Управата за безбедност и контра разузнавање.
Oдбраната на Грујевски и Бошковски тврдела дека не станува збор за вистински обвиненија. И двајцата пред судот кажале дека не сакаат да бидат екстрадирани во Македонија бидејќи стравувале за своите животи и намоло да имаат фер судење. Исто така, ги негирале обвиненијата за кои што се товарат и ги оцениле како „политички прогон“.
Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеса во Грција, независни еден од друг. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром. Судењето по три одложувања ќе се одржи на 17 мај следната година. Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември.
Грујевски и Бошковски во меѓувреме остануваат во притвор во близина на Солун.
Грујевски и Бошковски, кои се меѓу обвинетите од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“, за кој денеска беше одложено рочиштето во Кривичниот суд во Скопје, беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври годинава, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.
Ново на Сител
-
На Табановце се чека 40 минути за влез, а на Богородица 30 минути за излез од земјата
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро