Македонија
30. November 2015 - 15:19

Одложена седницата на Анкетната комисија за прислушување

Претседателот на Анкетната комисија  за скандалот со прислушувањето, Петре Шилегов денеска повторно го одложи продолжението на седницата на која што требаше да биде донесен Деловникот за работа на Комисијата.

Шилегов појасни дека разговорите меѓу пратеничките групи во однос на спорните прашања од Предлог - деловникот се уште траат, дека остануваат спорни уште само две прашања и оти се надева дека до утре  ќе биде постигнат конечен договор.

Продолжението на оваа седнциа Шилегов го закажа за утре за во 14 часот.