Одбранбени консултации САД - Македонија
Интеграција во НАТО, реформски процеси во одбраната, билатерална соработка и ангажман во мировни операции предводени од Алијансата и Обединетите Нации, биле темите на кои во Пентагон разговарале делегации од Министерството за одбрана и од американскиот Департман за одбрана, предводени од министерот Зоран Јолевски и Евелин Фаркаш, заменик-помошник на Секретарот за одбрана за Русија, Украина и Евроазија.
Министерот Јолевски, соопшти денеска Министерството за одбрана, на средбата посочил дека стратегиски приоритет на Република Македонија е полноправното членство во Алијансата, а е поддржано од македонското Собрание, политичките партии, но и најважно граѓаните на Република Македонија.
Во контекст на реформските зафати и идните чекори, министерот Јолевски посочил дека станува збор за процес кој тече во континуитет.
- Дел од тој процес е и процесот на модернизација на Армијата, која е планирано да се одвива согласно НАТО стандардите, рекол министерот Јолевски на одбранбените консултации, стои во соопштението.
Како една од можните идни насоки на развој на соработката, споменато беше и трилатералното партнерство со Националната Гарда на Вермонт и Сенегал. Во тој контекст, министерот Јолевски посочил дека Македонија ја разгледува можноста за идно учество во мировни операции на Обединетите Нации, особено со земји партнери како САД и Италија.
Заменик-помошникот на Секретарот за одбрана, Фаркаш уште еднаш ја потврди недвосмислената поддршка за Македонија кон достигнувањето на нејзината цел – членство во НАТО.
- Горда сум на нашето партнерство. Македонија нè поддржа уште од самите почетоци на мисијата ИСАФ, во моментов е дел од Одлучна поддршка, а беше дел и од мисијата Слобода за Ирак. Тоа ние многу го цениме, посочила Фаркаш за време на консултациите.
Во рамки на средбите во Пентагон, министерот Јолевски се сретнал и со главниот заменик потсекретар за одбрана, Брајан МекКијан, при што биле разменети мислења за геополитичката состојба и нејзиното влијание врз безбедноста на регионот, Европа и светот.
- Влезот на Македонија и на Црна Гора во НАТО во голема мера ќе влијае врз зацврстувањето на безбедноста и стабилноста на регионално ниво, додал министерот. Потсекретарот МекКијан рекол дека САД го цени учеството на припадниците на АРМ во Авганистан, каде дел од македонскиот контингент е на задача за обезбедување на главниот штаб на командата во Кабул.
Министерот Јолевски остварил средба и со сенаторот Бил Нелсон, на која станало збор за меѓусебните билатерални односи, начините и модалитетите за нејзино унапредување во иднина. Воедно, министерот укажал и на аргументите зашто Република Македонија заслужува да биде дел од НАТО.
Ново на Сител
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог