Одбележување на Светскиот ден на книгите за деца и на Меѓународниот ден на Ромите
„Сумнал“ - здружението за развој на Ромите и Коалицијата на Ромски невладини организации „Khetane” денеска ќе ги одбележат 2 Април - Светскиот ден на книгите за деца и 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите.
Здружението „Сумнал“ заедно со министерот без ресор Аксел Ахмедовски ќе ја промововира кампањата „Прочитај ми сказна за да го разберам светот”, со цел да се популаризира читањето книги кај ромските деца од најмала возраст.
Министерот Ахмедовски, како што е најавено, ќе им прочита книга на децата кои го посетуваат центарот.
- Читањето е забавно. Тоа е клучна вештина која ни помага да учиме и да го живееме животот – и затоа започнувањето со читање е возбудлива и важна фаза од развојот на децата. Да им овозможиме на децата редовни дружби со книгата од мали нозе, да им го збогатиме детскиот вокабулар со нови зборови, да ја поттикнеме љубопитноста од најмала возраст, да им ја развиеме способноста за памтење и креативност. Децата се како сунѓери, да им овозможиме нови знаења во забавна и опуштена атмосфера, вели Фатма Бајрам Аземовска - претседател на здружението „Сумнал“.
Кампањата ќе опфати средба со писатели, читање на книги од познати личности, едукативни работилници за деца и родители.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион