Одбележани 12 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце
Со едноминутно молчење и со положување цвеќе на спомен-обележјето кај катлановско Блаце денеска им се оддаде почит на единаесетте припадници на Армијата кои пред дванаесет години трагично загинаа во хеликоптерската несреќа.
Како што соопшти Министерството за одбрана, почит на загинатите, покрај членовите семејствата оддадоа делегации од Генералштабот, предводена од заменик на началникот на ГШ, генерал-мајор Азим Нуредин, Министерството за одбрана, предводена од заменик-министерот Беким Максути, од Општината Петровец предводена од градоначалникот Борче Митевски, Командата за операции, воздухопловниот Винг и првата пешадиска бригада.
Годишнината од хеликоптерската несреќа беше одбележана од страна на воздухопловниот Винг и семејствата на загинатите пред спомен-обележјето во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, а ќе се одбележи и во кампот Бутмир во Сараево, Босна и Херцеговина каде нашите мировници беа дел од мисијата „АЛТЕА“.
Армискиот хеликоптер Ми-17 враќајќи се од мировната мисија „АЛТЕА“ се урна на 12-ти јануари 2008 година кај катлановско Блаце, при што загинаа потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.
Ново на Сител
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев