Одбележана годишнина од формирањето на Градската библиотека во Битола
НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“, меѓу битолчани позната како Градската библиотека одбележа 71 - година од денот на формирањето.
Градската библиотека во Битола од која настала денешната национална установа, формирана е на 25 март 1945 година со одлука и решение на тогашниот Градски народен одбор во Битола.
- Градската библиотека во Битола почнала да работи со книжен фонд од 300 книги, кои главно биле затекнати книги подарени од поединци, организации и установи. Денеска библиотеката претставува современа, културна институција со развиена библиотечна дејност, која на своите корисници постојано им нуди нови и современи содржини и културни настани кои го збогатуваат културниот живот, а исто така придонесуваат за унапредување на воспитно-образовните, како и стручно научните и истражувачките дејности, беше истакнато на денешниот славенечки настан на библиотеката кој се одбележа со најмладите ученици кои го посетуваат Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ – Битола.
Библиотеката располага со над 600.000 книги, периодични весници и списанија како и друг библиотечен материјал, со тенденција за натамошно перманентно зголемување.
Ново на Сител
-
Јанев: Полицијата е првата линија на одбрана на сообраќајната култура
-
За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
-
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Неапол и околината
-
Лани евидентирани 757 дивоградби, речиси сите се во приватна сопственост
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот
-
Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново
-
Сар: Израел е заинтересиран за воспоставување дипломатски односи со Сирија и Либан