Одбележана десетгодишнината од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица
Во Струмица денеска беше одбележана десетгодишнината од големиот шумски пожар што избувна на месноста „Двата пата“ над градот во кој загинаа браќата Пено Стојанов и Блажо Стојков од селото Рич, Војо Гркљанов од село Вељуса и Мите Ѓеоргиев од Струмица.
Пред споменикот на загинатите струмичани во центарот на градот цвеќе положија претставници на семејствата и ТППЕ Струмица, членови на Советот на Општина Струмица, политички партии и граѓани.
На одбележувањето на овој трагичен настан зборуваше членот на Советот, Дениза Стамболиева.
– И по 10 години сеќавањата се свежи, а болката е неутешна за семејствата на загинатите. Со невидена храброст и натчовечки напори беше спречена трагедија од поголеми размери, но за жал во таа борба со огнената стихија животот го загубија четворица наши сограѓани, истакна Стамболиева.
Во големиот пожар што избувна пред десет години имаше и повредени граѓани, а гаснењето траеше повеќе денови.
Ново на Сител
-
Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети
-
Приведен криумчар на мигранти во близина на селото Богородица
-
Димитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светска банка
-
Без вода дел од Батинци
-
Приведен жител од Тетово во чиј дом е пронајдена дрога
-
Од Скопскиот аеродром до 44 дестинации со зимскиот ред на летање, до четири од Охридскиот
-
Алба изненаден од изоставањето на Меси од номинацијата за „Златната топка“
-
Европратеници лобираат за укинување на промената на сметање на времето