Одбележан денот на општина Маврово Ростуше
Со низа активности општина Маврово Ростуше денеска ја одбележа 21- годишнина од основањето.
Централната активност се одржа во големата спортска сала „Македонија“, на која присуствуваа голем број граѓани и претставници на институции, како и делегација на општината Маниса, Република Турција.
Пред присутните, на свечениот чин на основањето на општината, 4 мај 1996 година потсети градоначалникот Мукрем Мехмеди, кој се задржа и на постигнатите резултати во изминатите две децении во подобрувањето на условите за живот на граѓаните.
- Со голема подршка на централната власт посебно во последните осум години имаме реализирано низа проекти кои се однесуваат на подобрувањето на патната и друга инфраструктура, здравството, образованието, во областа на екологијата и развојот на туризмот. Може да се пофалиме дека благодарение на грижата на Владата во нашата општина, до секое населено место денес води асфалтен пат, рече Мехмеди.
Тој посочи дека во последните години се побројни се производствените погони, што се инвестции на жители од ова подрачје кои заработеното во странство го инвестирале во родното место. Како резултат на тоа, оцени Мехмеди, остварени се голем број нови вработувања, а со тоа намалена е миграцијата на младите.
Присутните ги поздрави и Рамиз Шикај, заменик-градоначалник на градот Маниса, чие потекло е токму од реканските села. Тој пренесе поздрав од илјадниците иселеници од подрачјето на Река и Жупа, кои денеска живеат во Маниса.
Градоначалникот Мехмеди додели признанија на поединци и институции за посебен придонес во разни области.
Свеченоста беше збогатена со богата културно уметничка програма на која учествуваа фолклорните секции на деветолетките од општината, како и познати интерпретатори на македонската народна песна.
Ново на Сител
-
На Попова Шапка утрово најстудено, температурата денеска од 6 до 12 степени
-
Манчестер Јунајтед ќе го намали персоналот и ќе ги затвори канцелариите ширум светот
-
Ким: Оружјето без идеологија е само „железен алат“
-
Македонија со победа над Полска ги заврши евроквалификациите во кошарка
-
Дамјан Стојановски стави крај на репрезентативната кариера
-
Трамп вели дека Путин би прифатил европски мировници
-
Украинскиот и европските министри за одбрана се обидоа да ги усогласат ставовите околу условите за мир
-
Макрон гледа „значителен напредок“ за Украина по средбата со Трамп