Од златарница однесен накит вреден над половина милион евра
Спектакуларен грабеж се случи во Тирана во кој од златарница крадците заминале со плен вреден над половина милион евра.
Крадците исползувале објект кој се реставрирал, урнале дел од ѕидот кој бил заеднички со златарницата, влегле внатре и ја ограбиле. Успеале да го исклучат и алармот.
– Од златарницата украдени се 10 килограми златен, 25 килограми сребрен накит, како и скапи рачни часовниџи,чија вредност достигнува над 500 илјади евра.Начинот на кражба е идентичен како и грабежот од пред два месеца во банката во Тирана..
При бегството крадците со себе ја земале и безбедносната камера и хард дискот.
Истата златарница ограбена е пред три месеци и како што вели нејзиниот сопственик Павло Шкарпа крадците не се откриени. За разлика од првиот грабеж, сега стоката била осигурана.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?