Од земјотресите оштетено ОУ „Братство и единство“ во Охрид, еве како изгледа сега
Серијата земјотреси зад себе оставија сериозни оштетувања во зградата на ОУ „Братство и единство“ во Охрид, објави сајтот ОхридПресс.
Пукнати и изронати ѕидови, паднати оџаци, но најголемо оштетување има на главниот влез, вратата во моментов е потпрена со држачи.
Записник за состојбата во која се наоѓа училиштето е направен од страна на општинскиот кризен штаб. Директорот на училиштето Муарем Доко побарал од локалната самоуправа да бидат ставени во приоритетните објекти за санација, но вели дека до овој момент не е преземено ништо.
– Претставници на Кризниот штаб дојдоа и направија записник, но јас по три дена испратив опомена за да се делува по приоритет. Еве веќе 12 дена барам помош од општината, но досега не е преземено ништо, туку само се префрлува одговорноста и реализацијата. Ние повикавме две фирми за да се санира влезот во училиштето, но никоја од нив не прифати санација, не сакајќи да преземат одговорност, со оглед на тоа што зградата е изградена во 1948 година, истакна директорот Доко во изјава за Супер радио и OhridPress.
Во пресрет им излегла само фирмата „Бокоп“, која привремено со железни држачи ја прицврстила влезната врата, но како како што вели директорот таа е потенцијална опасност за вработените кои и во овој период се во училиштето.
Директорот на училиштето Братство и единство, Доко рече дека доколку час поскоро не се преземат мерки за санација, може да биде доведен во прашање и навремениот старт на новата учебна година.
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето