Бизнис
9. May 2016 - 12:56

Од вторник ново поскапување на горивата во Македонија

Цените на нафтата во петокот на светските берзи се зголемија поради пожарите во Канада и ескалацијата на тензиите во Либија што ја поттикна загриженоста кај инвеститорите за снабдувањето на краток рок.

На лондонскиот пазар цената се зголеми за 1.11 $ и изнесуваше 45,73 $. На американскиот пазар нафта се тргува за 1,36 $ повисока цена, од 45,14 $.

Ваквиот тренд на раст на цените најавува ново поскапување на горивата во Македонија од вторник.

За очекување е цените да пораснат меѓу еден и два денари при следната корекција закажана за 16. мај.