Од вечер се враќа во сила забраната за движење од 21 до 5 часот
Полицискиот час, кој беше укинат изминатата ноќ, од вечер повторно се враќа во сила и ограничувањето на движењето ќе трае од 21 час до 5 часот.
Согласно одлуката на Владата од 27 април, со цел справување со пандемијата на Ковид-19 на територијата на државата беше воведена забрана за движење од 21 до 5 часот следниот ден, со исклучок за време на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам, односно од 1 кон 2 мај и од 12 кон 13 мај.
Со владината одлука со која што се ублажија рестриктивните мерки, е овозможена и работа на терасите на угостителските објекти до 20.30 часот, кои претходно беа целосно затворени.
Инаку, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава полицијата регистрирала 436 прекршоци на мерката за носење лична заштита на лице.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Ново на Сител
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење
-
Детектор: Средна оценка 2.5 за владеењето на правото во Македонија
-
Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот
-
Без вода утре дел од Центар