Од утре задолжителна зимска опрема во возилата
Министерството за внатрешни работи информира дека утре почнува обврската за поседување зимска опрема во возилата што ќе трае до 15 март.
МВР дава и појаснување за обврските на учесниците во сообраќајот утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи
Согласно Правилникот, како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:
· зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;
· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 x 4) се подразбира:
· зимски пневматици на сите четири тркала,со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;
· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.
Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:
· зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.
· пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;
· автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.
Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.
Од МВР апелираат до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување зимска опрема бидејќи така овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.
Ново на Сител
-
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест
-
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
-
Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура
-
Данска владее со светскиот ракомет: Историска четврта последователна титула
-
СП во ракомет: Франција ја освои бронзата во драматична завршница
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите