Од утре најавен штрајк на судската администрација
Судската администрација од утре повторно го активира штрајкот со цел да се исполни нивното барање за исплата на додатоци на плата во висина од 35 проценти исто како што тоа е предвидено кај судиите, јавните обвинители и службениците во јавните обвинителства.
Штрајкот ќе се одвива во судовите и ќе се работат само итните предмети, а во извесен период од денот судските службеници ќе штрајкуваат пред судовите.
Генералниот секретар на УПОЗ, Трпе Дејаноски и претседателот на Здружението за судска администрација Борче Мирчевски денеска на прес-конференција истакнаа дека штрајкот ќе трае се додека не се исполни нивното барање.
- До денеска Министерството за финансии нема постапено по препораката на Владата и затоа штрајкот продолжува од утре. Ги повикувам надлежните уште од утре повторно да седнеме на преговарачка маса и да најдеме начин како нашето барање да се исполни со потпишување спогодба која ќе ги обврзува двете договорени страни, рече Дејаноски.
Судската администрација првично најави дека ќе штрајкува на 3 мај, но одлуката за штрајк беше одложена поради тоа што беше донесена одлука за обезбедување финансиски средства за зголемување на надоместоци и додатоци на вработените во судовите. Со одлуката му се препорачуваше на Судскиот буџетски совет преку Министерството за финансии да обезбеди финансиски средства за таа намена.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени