Од Украина во Бугарија досега влегле 20.000 бегалци
Од почетокот на руско-украинската војна во Бугарија пристигнаа 20.000 бегалци од Украина, денеска соопшти бугарската гранична полиција.
Олена Димитрова, претседателка на бугарско-украинското здружение „Добруџа-Украина“ во градот Добрич на бугарско-романската граница, предвидува дека доколку се отворат хуманитарни коридори, бројот на украински граѓани кои сакаат да ги напуштат воените зони значително ќе се зголеми.
Украинците кои долго време се имаат населено во Бугарија им помагаат на своите сонародници кои бегаат од руската агресија да ги добијат сите можни средства за егзистенција.
За нив има отворена и хуманитарна СМС линија, една СМС порака е 10 евра, а овие средствата ќе се користат за помош на пристигнатите бегалци од Украина.
Невладините организации очекуваат во следните денови да дојде до зголемување на бегалскиот бран кон Бугарија. Регионалните гувернери и претставниците на општините во северна Бугарија ги разгледуваат условите за сместување на украинските граѓани кои бегаат од војната.
Ново на Сител
-
Пласидо Доминго, еден од најголемите тенори на денешницата, вечер настапува во Скопје
-
Висинатa нa минимaлната платa oстанува oтворено прашање, се чека седница на ЕСС
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип