Од стан во Скопје украден накит вреден околу 400 илјади денари
Непознат сторител од стан во Скопје украл поголема количина златен и сребрен накит вредни околу 400.000 денари. При извршувањето на кражбата тој причинил и материјална штета од околу 3.000 денари.
Случајот во полиција го пријавил Р.В. (63) од Скопје, сопственик на станот кој се наоѓа на улица „Пекљане“. Тој ја информирал полицијата дека кражбата се случила вчера во периодот од 16 до 21:30 часот.
- Сторителот со употреба на сила и погоден предмет ја отворил вратата на балконот, влегол внатре и одзел поголема количина златен и сребрен накит, по што побегнал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 400.000 денари, а причинил и материјална штета од околу 3.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот, информират од МВР.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
СДСМ: Власта да ги прифати нашите предлози
-
Граѓаните да не наседнуваат на измамите по телефон
-
Инвестиција од 300 милиони евра за изградба на соларен парк „Стипион“
-
Се зголемува бројот на пациентки со рак на дојка
-
Преглед на вестите од светот
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор