Од сметката на „Виркард“ исчезнаа 1,9 милијарди евра
Управниот совет на „Виркард“ (Wirecard) утврди дека од сметката на гермаската компанија за платежни услуги недостигаат 1,9 милијарди евра.
Компанијата тврди дека најверојатно ревизорите добиле лажна документација за банкарските сметките и оти не може да се исклучи можноста „Виркард“ да е жртва на измама.
Откако беше утврдено дека недостигаат околу две милијарди евра од сметката на „Виркард“ водечките луѓе на компанијата поднесоа оставки, додека акциите во петокот забележаа пад од 26 проценти и чинеа 29,30 евра.
Всушност акциите на „Виркард“ паднаа за 84 отсто во споредба со нивната највисока вредност во август 2018 година.
„Виркард“ првично ги оспоруваше наводите на „Фајненшл тајмс“ за нерегуларности во сметководството и тврди дека е жртва на шпекуланти.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани