-->
-->
Од понеделник судовите со ново работно време
-->
Судовите во Македонија од понеделник, 4 септември, ќе работат од 7:30 до 15:30 часот, наместо како што беше досега од 8:30 до 16:30 часот.
Одлуката за новото работно време на судовите ја донесе Судскиот совет на РМ на седницата одржана вчера, согласно Одлуката на Владата за промена на работното време на администрацијата.
Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, по седницата изјави дека за новото работно време се изјасниле и вработените во судовите. Тој додаде дека Советот ќе следи како новото работно време ќе влијае врз ефикасноста на работата на судовите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јавното обвинителство поднесе пријава за поткуп во Велес за две лица
-
Поставен штанд на партија во Шуто Оризари, расфрлани летоци во Чаир, агитирање...
-
ОДИХР со над 300 набљудувачи на гласачките места низ земјава, заклучоците ќе ги соопшти утре
-
До 11 часот во Прилеп гласале 18,09 за претседателските, 18,19 за парламентарни
-
Излезност до 11 часот во Тетово, 7,04 отсто за претседателски, за парламентарни 10,81
-
Кавадарци со 16,10 отсто излезност до 11 часот
-
Прегазена жена на регионалниот пат Струмица - Валандово
-
Излезноста до 11 часот за претседателски избори е 12,87% , за парламентарни 13,69