Од полноќ рекордни цени на горивата во Црна Гора
Цените на горивата во Црна Гора од полноќ ќе достигнат историски максимум, со поскапувања од 16 до 29 центи, пишува подгорички „Вијести“.
Како што претходно објавија црногорските медиуми, од утре бензинот поскапува за 16 центи, така што литар БМБ 98 ќе чини 1,78 евра, додека БМБ 95 ќе изнесува 1,74 евра.
Еуродизелот поскапува за 28 центи и литар од овој вид гориво ќе чини 1,73 евра, додека нафтата за греење поскапува за 25 центи и ќе чини 1,67 евра.
Поскапување на услугите поради цените на горивата најавуваат и автобуските превозници, како и такси здруженијата.
Владата на Црна Гора пред два дена презентираше сет мерки за поддршка на стопанството и граѓаните, меѓу кои и намалување на акцизата за горивото за 40 отсто наместо првичните 20 отсто.
На бензинските пумпи во Црна Гора велат дека во изминатите денови точеле рекордни количества гориво и до педесетина тони дневно, а дека и денеска има голем метеж, додава „Вијести“.
Ново на Сител
-
Без вода делови од Чаир
-
Повторно се одложува долгоочекуваната одлука за големиот случај против Манчестер Сити
-
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, сведочи таткото на Вања
-
Плаколм: На Северна Македонија треба да и се овозможи пристап до програмите на ЕУ
-
Уметност на договорот? Како Трамп се повлече од царините
-
Директор на Сименс и неговото семејство загинаа во хеликоптерска несреќа на Менхетен
-
Вишиот суд во Нови Сад ќе ја објави одлуката за обвинението за падот на настрешницата
-
Сончево со мала до умерена облачност, со температура до 19 степени