Од полноќ рекордни цени на горивата во Црна Гора
Цените на горивата во Црна Гора од полноќ ќе достигнат историски максимум, со поскапувања од 16 до 29 центи, пишува подгорички „Вијести“.
Како што претходно објавија црногорските медиуми, од утре бензинот поскапува за 16 центи, така што литар БМБ 98 ќе чини 1,78 евра, додека БМБ 95 ќе изнесува 1,74 евра.
Еуродизелот поскапува за 28 центи и литар од овој вид гориво ќе чини 1,73 евра, додека нафтата за греење поскапува за 25 центи и ќе чини 1,67 евра.
Поскапување на услугите поради цените на горивата најавуваат и автобуските превозници, како и такси здруженијата.
Владата на Црна Гора пред два дена презентираше сет мерки за поддршка на стопанството и граѓаните, меѓу кои и намалување на акцизата за горивото за 40 отсто наместо првичните 20 отсто.
На бензинските пумпи во Црна Гора велат дека во изминатите денови точеле рекордни количества гориво и до педесетина тони дневно, а дека и денеска има голем метеж, додава „Вијести“.
Ново на Сител
-
Сестрата на Фросина: „Кој е следен”, која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси
-
Митовски: По хаваријата во „Тораница“ 10 пати зголемена концентрација на олово во Крива Река, бараме кривична одговорност
-
Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство
-
Гостиварец пробал на сила да ја грабне својата малолетна ќерка
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради одржување атлетска трка
-
Директорка на средно училиште вработила лице со неполно работно време па од други вработени одзела работни часови и ги доделила на лицето
-
Кривична против три лица од Куманово, за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста
-
ДУИ: Брисел да се вклучи во истрагата за пожарот