-->
-->
Од почетокот на годинава во Србија регистрирани 30 напади врз новинари
-->
- Според податоците на новинарски здруженија во Србија, минатата година се регистрирани 92 напади врз новинари, а во првите четири месеци од годинава 30, од кои два физички напади, шест вербални закани и 22 случаи на притисок, соопшти денеска српскиот омбудсман Зоран Пашалиќ.
Во писмена изјава по повод утрешниот Светски ден на слободата на печатот Пашалиќ наведе дека притисокот врз медиумите во Србија продолжува во различни форми. Тој ги повика сите јавни и државни фактори и организации, а особено носителите на политички и општествени позиции да се воздржат од секакви форми на притисок врз медиумите, врз нивната уредувачка политика и новинарите, а медиумите ги повика да го развиваат принципот на одговорно и непристрасно новинарство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!