Од патарина годинава инкасирани 64,7 милиони евра
Oд јануари до 20 декември годинава остварен е вкупен промет од наплата на патарина, продажба и надополнување на електронски уреди, надополнување преку веб порталот како и од наплата на патарина преку проектот Отворен Балкан во висина од 3.981.392.760 денари, или 64.738.094 евра, информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).
Учеството на електронската наплата се движи околу 33 проценти.
- Наша заложба е да го зголемиме овој процент и да направиме едукација за граѓаните за придобивките од користење на електронската наплата со што значително би се намалило чекањето на наплатните рампи при кеш наплата и со што би се остварил непречен сообраќај без поголеми застои, изјави Коце Трајановски, директор на ЈПДП.
Од отпочнување на електронската наплата на 3-ти јули 2019 до 20-ти декември 2024 година, продадени се вкупно 242.080 електронски уреди од кои, 203.828 М-смарт картички и 38.252 М-таг уреди. За тој период направени се вкупно и 1.842.224 поединечни надополнувања на електронските уреди на различни суми, а вкупната сума за надополнувања досега изнесува 3.509.815.300 денари.
- Нашиот план е амбициозен во смисла на подигнување на процентот на електронска наплата и зголемување на протокот на возила на наплатните станици и можеби е сѐ уште рано да говорам, но за почеток правиме напори М-смарт картичките да бидат подостапни на возачите, односно да можат да ги набават и поблиску до своето место на живеење, не како што е во моментов само на наплатните станици и кај нас во ЈПДП. Но, за тоа ќе говориме поконкретно кога ќе видиме дека има можности за реализација на оваа идеја, вели Трајановски.
Ново на Сител
-
Руско МО: Соборени 61 дрон над неколку руски региони, повеќе од половина во Ростовска област
-
Тешко повредена 72-годишна жена во сообраќајка во Прилеп
-
Пронајдена марихуана во домот на 52-годишен струмичанец
-
Тепачка пред казино во Неготино
-
Град Скопје: Засилен инспекциски надзор со цел намалување на аерозагадувањето, минатата недела изречени казни за над 20 сторители
-
Во Скопје утре посебен сообраќаен режим по повод празникот Бадник
-
Обилни снежни врнежи предизвикаа прекини на воздушниот и патниот сообраќај во Велика Британија
-
Мицкоски: Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура