Од обвинителството за Сител велат дека не ги поседуваат снимките
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција не ги поседува наводните снимки чии транскрипти беа прочитани денеска од собраниската говорница. Обвинителството во неколку наврати потсетуваше дека непријавувањето на кривично дело исто така е кривично дело и ги повика сите субјекти што поседуваат било какви докази што упатуваат на сторено кривично дело да ги достават до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска на собраниската расправа во Комисијата за европски прашања, на која се разгледуваше предлог законот за Јавно обвинителство, пушти аудио снимка на која, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, „по се изгледа може да се препознае гласот на екс премиерот Зоран Заев“.
Деспина Тодоровска
Ново на Сител
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО
-
Сопружници измамени за 824.000 денари - очекувале да добијат стан
-
Полициска акција во Прилеп, се вршат претеси на осум локации
-
ДУИ: Тошковски да си поднесе оставка како морален чин