Македонија
8. August 2015 - 10:35

„Од кујната на Масин“ - во Куќата на Уранија

Во Куќата на Уранија во Охрид вечер ќе биде отворена изложбата „Од кујната на Масин“.

Претставени ќе бидат 30-тина керамички чинии кои сликарот Мирослав Масин ги изработувал сам, во кичевското село Вранешница, и на кои дополнително интервенирал со своите препознатливи мотиви.

Отворањето на изложбата е закажано за 20 часот, со воведен збор на Драги Филевски, раководител на ликовната колонија „Де Ниро“ во Битола.

Посетителите ќе може да ги видат делата на Масин во Куќата на Уранија до 18 август 2015 година.