-->
-->
Од Грција во Германија заминуваат 175 бегалци за спојување со семејствата
-->
Група од 175 лица, меѓу кои 85 деца бегалци без придружба и 90 семејства со деца, од грчките острови денеска заминуваат во Германија каде ќе се сретнат со семејствата.
Алтернативниот министер за миграција и азил на Грција, Јоргос Кумуцакос, како што соопштија од Министерството, вели дека денешното заминување на 175-те баратели на азил и нивното соединување со семејствата кои живеат во Германија, придонесува за „постепено, континуирано и суштинско намалување на бројот на лица кои престојуваат на островите“.
– Соработката со германската Влада носи конкретни резултати. Резултати од тесната и функционална соработка, рече Кумуцакос.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза