Од глад и жед умираат околу 30 мигранти дневно во Нигерија
Речиси 200 бегалци кои избегале од Боко Харам починаа минатиот месец од глад во прифатниот центар во Бама, во северниот дел на Нигерија, соопшти организацијата Лекари без граници.
Моментно во кампот во Бама се наоѓаат околу 24.000 луѓе.
Иако цела оваа област е небезбедна, една екипа на Лекари без граници успеала, првпат, да влезе во кампот, каде луѓето тврдат дека „секој ден се појавуваат новите гробови“.
Според извештајот на организацијата, во кампот владее „апсолутна хуманитарна катастрофа“, во која секојдневно од глад и болести предизвикани од изгладнување умираат околу 30 луѓе.
- На секое петто дете во кампот му е дијагностицирано акутно изгладнување, а освен тоа очевидно е дека децата се трауматизирани, бидејќи виделе и преживеале многу стравови, велат од Лекари без граници.
Ново на Сител
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар
-
ЕУ нема ,,план Б" за европските интеграции на Македонија - Кошта вели: Што е договорено, е договорено
-
Таравари со оставка од министер, Вреди направи пратеничка група без Алијанса
-
Крешник Бектеши оди во куќен притвор
-
ДЗР: 457 лица загинале за 4 години во сообраќајки, пишани над 86 илјади казни за возење без дозвола
-
И државна помош и работа – се крои нов закон за социјалците
-
СДСМ: Цените растат – власта нема решение