Македонија
4. May 2020 - 16:12

Од 235 заболени здравствени работници, 184 се оздравени

Повеќе од 50 здравствени работници од 70 кои беа заразени во Општата болница во Куманово се веќе вратени на работа, сите се тестирани и имаат два негативни тестови согласно критериумот. Сите одделенија во болницата функционираат нормално, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Од 235 заболени здравствени работници кои се дијагностицирани од почетокот на епидемијата, посочи, 184 се оздравени и голем број од нив веќе се вратени на своите работни места, што овозможи целосно да бидат во функција одделенијата на Детската клиника, Институтот за рехабилитација и болницата во Куманово.