Свет
8. October 2017 - 9:39

Од 2013 година во Кина се казнети 1,34 милиони раководни лица заради корупција

Кинеските власти соопштија дека околу 1,34 милиони нискорангирани државни чиновници биле казнети за корупција од 2013 година до денес.

Според соопштение на властите, меѓу казнетите се 648.000 раководни лица на селско и окружно ниво. Повеќето од нив се казнети за корупција од мал размер. Има и неколку високи функционери кои добиле откази.

Од 2013 година претседателот Си Џинпин почна кампања против корупцијата меѓу раководни лица во државата. Во овој месец претстои и конгрес на партијата на кој се очекува Си да биде реизбран.