Очаен татко: „Својата нова жена ја фатив во кревет со мојот син! Што да правам сега?“
Љубовните односи често се полни со турбулентни настани, а многу од нив понекогаш делуваат целосно нереално. Такви се и настаните од потресното писмо кое за британски таблоид го испратил еден шокиран сопруг.
Имено, тој својата жена ја фатил во кревет со сопствениот син, а приказната оди вака:
– Имам 44 години. Мојот син има 19, а неговата сестра е две години помлада. Нивната мајка почина пред десет годни. За нас тројца тоа беше многу тежок период, но јас бев толку зафатен со грижи околу децата и заработување пари, што немав време ниту да тагувам. Мојата ќерка од секогаш се однесувала како ангел, но мојот син сепак беше друга приказна. Знаев дека смртта на мајката го погоди многу, но не разбрав зошто ме обвинува мене. Кога децата пораснаа, сфатив колку сум осамен па тргнав во потрага по нова љубов.
Имав неколку девојки во меѓувреме и мојата ќерка беше пријатна кон сите. Но, не и мојот син. Кога ќе го запознаев со нив, тој едвај се поздравуваше. Подоцна ми кажуваше дека девојката е досадна или грда. Се обидов да не се лутам бидејќи знаев дека му недостига мајка му, но тоа секогаш ме растажуваше. Тогаш запознав пријателка на мој пријател, која беше преслатка и ме правеше среќен. Кога мојот син ја запозна, ми кажа дека таа му се допаѓа.
И на мојата ќерка и се допадна, а јас бев пресреќен. Се заљубивме и се венчавме по само шест месеци. Поради неа се чувствував добро, а најважно ми беше што ги сака моите деца.
Тој викенд бев надвор од куќата поради работа, а ќерката се дружеше со пријателите. Мојот син и сопругата останаа сами во куќата. Дојдов дома порано и тргнав да се пресоблечам. Влетав во соба, ги фатив синот и жената среде секс и тогаш се сруши цел мој свет. Двајцата ги сакам, не знам што да направам, се запрашува таткото во своето шокантно писмо.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст