Обвинителството прибира докази за сообраќајката кај Велес
Основното јавно обвинителство во Велес денеска соопшти дека работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа во која туристички автобус со македонски таблички излета од патот и се преврте. Притоа, една жена загина, а 27 патници се повредени.
По наредба на јавниот обвинител, од возачот на автобусот е земен примерок на крв за анализа, а започнато е и прибирање на трагите пронајдени на лице место.
- Со оглед на тоа што синоќа временските услови и видливоста на теренот не дозволуваа ова целосно да биде завршено, локацијата се обезбедуваше во текот на ноќта, а утрово продолжи прибирањето на материјалните траги од внатрешноста на автобусот и се врши вонреден технички преглед на возилото, велат од Јавното обвинителство во Велес.
Во сообраќајната несреќа загина 68-годишна жена, а на едно деветгодишно дете му е ампутирана раката. Потешко се повредени четири лица кои се сметени на КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Сообраќајната несреќа се случи синоќа околу 19 часот кога автобус со македонски регистраски ознаки кој превезувал патници кои се враќале од летување во Грција, изгубил контрола и излетал од коловозот на автопатот Велес - Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата