Обвинение за скопјанец кој удирал шлаканици и пукал со пиштол на „Џон Кенеди“
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинителен акт против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1, Насилство од член 386 став 1, како и Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот во својот автомобил Ауди Q5 неовластено држел огнено оружје пиштол марка AG-9 и две рамки со вкупно 30 куршуми. Пред зграда на улицата „Џон Кенеди“ го вперил пиштолот кон три лица, удирајќи со шлаканица еден од оштетените. Потоа испукал еден куршум во воздух. Со тоа извршил грубо насилство и предизвикал значителна опасност за животот на оштетените, а во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Ново на Сител
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте