ОБСЕ Тројката Османи-Рау-Линде во Њујорк: Русија да ја прекине агресијата и ги повлече силите од Украина
– Министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Полска и Шведска, Бујар Османи, Збигњев Рау и Ан Линде, на маргините на 77-то Генерално Собрание на Обединетите нации, одржаа состанок како дел од Тројката претседавачи со ОБСЕ. На средбата учествуваше и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.
Како што соопшти МНР, соговорниците разменија мислења за улогата на ОБСЕ во светло на руската агресија врз Украина и го повторија својот повик до Руската Федерација да ја прекине агресијата, да ги повлече своите сили од Украина и да се усогласи со принципите на ОБСЕ. Случувањата меѓу Ерменија и Азербејџан, исто така, беа во фокусот на средбата. Министрите и генералниот секретар на Тројката разговараа за можностите за посилно вклучување на ОБСЕ во областа.
Соговорниците, се посочува, се осврнаа и на неодамнешните вооружени судири на границата меѓу Киргистан и Таџикистан, барајќи од страните да го почитуваат прекинот на огнот и да ја стабилизираат ситуацијата со дипломатски решенија.
Имајќи ја предвид ефикасноста на Организацијата, на средбата се истакна и потребата од усвојување на буџетот на ОБСЕ. Воедно, на средбата беа поздравени приоритетите на претстојното претседавање со ОБСЕ на Северна Македонија, фокусирани на заштита на принципите и заложбите на ОБСЕ.
Министерот Османи ја реафирмира поддршката на актуелниот претседавач и Генералната секретарка на ОБСЕ во справувањето со моменталните предизвици и ја истакна важноста на употребата на искуството и ресурсите на ОБСЕ како алатка во процесот на барање на одржливи решенија, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани