О’Брајан: Блинкен во Скопје со колегите од ОБСЕ ќе дискутира за поддршката за Украина
На министерскиот самит на ОБСЕ што на 29 и 30 ноември се одржува во Скопје, делегацијата на САД ја предводи државниот секретар Ентони Блинкен, кој со колегите од ОБСЕ ќе дискутира за поддршката за Украина, но американската страна не знае како ќе се постапи во случај на состанокот да се појави и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, и дали ќе има интеракција меѓу двајцата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
-Американската делегација ќе ја предводи државниот секретар Блинкен. Тој ќе биде таму во среда веднаш по крајот на министерскиот состанок на НАТО. Очекуваме да се ангажира во добра дискусија со колегите од ОБСЕ за поддршката за Украина, изјави денеска на брифинг за новинарите Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија.
ВО врска со регулирање на нерешените прашање меѓу Србија и Косово тој укажа дека силното присуство на КФОР во северно Косово е гаранција за безбедноста и политичкиот прогрес меѓу двете земји и нивниот пат кон Европа,
-Важно е двете страни да разберат дека какво и да било нарушување на северот од Косово ќе ги соочи со (силите на) НАТО. И дека важен чекор е тоа што забележуваме дека ситуацијата е смирена, изјави тој.
О’Брајан рече дека министерскиот состанок на НАТО во Брисел ќе има три формални сесии: Самитот во Вашингтон во јули 2024 година кога алијансата слави 75 годишнина, Западен Балкан и Украина.
Според него, министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан ќе имаат можност да дискутираат за нивните најнови чекори во процесот на проширување на ЕУ и планот за развој на регионот.
-Западен Балкан дава можност за реафирмација на заложбите на алијансата. Како што знаете, НАТО обезбедува критична поддршка во северно Косово и поддршка за силите на ЕУ во Босна, и е р’бет на безбедноста потребна за државите од Западен Балкан да одат напред во нивниот европски пат, изјави секретарот.
Министрите ќе имаат можност да дискутираат и за улогата што безбедноста ја игра во создавање простор државите од Западен Балкан да донесуваат независни одлуки за тоа колку брзо можат да одат напред, рече О’Брајан.
Ново на Сител
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Една сезона може да биде и 1 милион евра | Игор Стефановски - Иџе | Sitel Podcast 086
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри