Македонија
31. January 2016 - 8:26

Облачно со слаб ветер

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб, но во западните делови, како и на планините ќе дува умерен на моменти и засилен ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 11 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време што ќе услови понатамошно топење на снежната покривка на планините. Особено топло се очекува да биде во вторник и среда.