-->
-->
Облачно со повремени врнежи од дожд
-->
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, соопшти УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје исто така ќе биде oблачно со повремени врнежи од дожд и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд.
Стабилизирање на времето со пораст на дневната температура ќе има од вторник, најавуваат метеоролозите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри
-
Лукровски презентираше план за Карпош
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца