Облачно и посвежо со врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде олачно и посвежо со врнежи од дожд.
Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови. На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта кога ќе дува и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Како што најави УХМР, утре ќе дува засилен до силен северен ветер (на места над 70 километри на час) и локално ќе провејува слаб снег. Од петок и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со ниски минимални температури кои во повеќе места ќе се спуштат под нула, додека дневните ќе бидат во пораст.
Ново на Сител
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже