Македонија
6. August 2024 - 16:49

Објавени производните цени за смедеревката и вранецот

Килограм смедеревка 18.3 денари. Вранецот, пак, ќе се продава за 20.8 денари. Министерството за земјоделие ги објавите новите, повисоки, цени за откупот на двете најзастапени сорти винско грозје. 

„Производната цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година се пресметува согласно Законот за виното и по Методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет“.

Сојузот на здруженија на лозаропроизводители ќе чека официјален став од министерството на кои шеќерни единици се однесуваат овие цени.

Во Тиквешијата веќе се пристигнати берачи на грозје од повеќе општини. Бараат дневница од 1.500 денари за работа од 6 наутро до 12 на пладне, обезбеден превоз и доручек.