Објавени имињата на добитниците на петровденските награди на Кочани
Одборот за доделување награди на општина Кочани по повод Петровден, празникот на градот, донесе одлука наградата за животно дело, постхумно да му ја додели на Константин Апостолов, доктор по микробиологија, член на МАНУ надвор од работниот состав.
Според образложението, д-р Апостолов, кој е роден во Кочани во 1933 година, е научник од светски ранг, кој својот живот го посветил на истражувањата во лабораториите во Скопје, во Бирмингем – каде специјализирал електронска микроскопија, Бекенхам... Бил предавач и консултант во Институтот за вирусологија во Кралската медицинска академија и во болницата Хамерсмит во Лондон. Апостолов е првиот претседател на асоцијацијата на Македонците во Британија и нејзин почесен претседател до крајот на животот. Почина во Лондон, во 2008 година.
Одборот за награди одлучи наградата на општина Кочани за значајни остварувања за развојот на општината годинава да му ја додели на Градскиот фудбалски клуб „Осогово“ кој во натпреварувачка 2016/2017 година оствари директен влез во Втората македонска фудбалска лига со 20 победи од одиграни 27 натпревари и постигна 63 голови. Оваа награда, за разлика од претходната е парична и изнесува пет просечни плати исплатени во претходните три месеци во Република Македонија.
Наградите ќе бидат доделени на седница што Советот на општина Кочани ќе ја одржи на 12 јули.
Ново на Сител
-
Ќе се гради патот Букојчани - Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга
-
Голем земјотрес регистриран во Карипско Море издадено предупредување за цунами
-
Парламентарни избори во Косово
-
Трамп телефонски разговарал со Путин
-
Николоски: Поголем проблем во судството од корупцијата е немањето морал и однос кон јавноста
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром