Објавена аудиоснимка од затворениот дел на конгресот на СДСМ на која се слушаат критики од Шекеринска
На нова страна направена на Фејсбук „Реформи во СДСМ“ е објавена аудиоснимка за која се тврди дека е од затворениот дел на конгресот а на која се слушаат критики од Радмила Шекеринска.
„Шеќеринска контра Заев! Далеку од камерите и микрофоните, Шеќеринска отворено зборува за проблемите во СДСМ и Заев. Слушнете што се случуваше во затворениот дел од Конгресот“, пишува во објавата, во која со „хаштаг“ се бараат реформи во СДСМ и оставка на Заев.
Во снимката се слуша како Шекеринска изразува загриженост поради, како што вели, нерешавањето проблеми, изразувањето сомнежи за оние што имаат свој став, а не за оние кои го кријат поради некаква лична цел итн.
„Морам да кажам дека за некои работи сум и загрижена и сакам апсолутно да не сум во право. Загрижена сум дека за одредени прашања влегуваме во старата замка или старата опасност, а тоа е да ги затвораме очите од некои проблеми кои само ние можеме да ги решаваме, никој друг. Загрижена сум за тоа чувство дека ако си го одмолчиш своето, нема да има никакви проблеми, а тие проблеми само се зголемуваат. Загрижена сум што е сомнително кога некој има став и некаква позиција, исправна или не, а не кога ги жртвува и ставот и принципите за некаква лична цел. И загрижена сум што повеќе почнавме да им веруваме и да им помагаме на луѓето што ескивираа или се дистанцираа, а помалку на оние кои страдаа заедно со нас. И реков, се надевам дека тоа мое чувство дека за некои работи шушкаме, а не зборуваме за да го решиме проблемот, тоа нема да ѝ помогне, само ќе ѝ одмогне на партијата“, вели Шекеринска во објавената снимка.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228