Објавен новиот оглас за вработување професионални војници во АРМ
Министерството за одбрана на Република Македонија ги информира граѓаните дека е објавен јавен оглас за прием на 125 професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија.
Како што денеска соопшти МЈО, идните потенцијални професионални војници за да станат дел од АРМ ќе треба да ги исполнуваат општите и посебните услови наведени во јавниот оглас.
- Министерството за одбрана упатува повик до сите граѓани не постари од 25 години до денот на завршување на огласот, кои сакаат да придонесат за безбедноста и заштитата на територијален интегритет и суверенитет на Република Македонија да ја искористат можноста и да бидат дел од Армијата на Република Македонија, се наведува во соопштението од МО.
Во соопштението се потсетува дека неодамна во редовите на АРМ беа примени 125 професионални војници, а со завршувањето на оваа фаза на прием која започна деновиве, ќе се заокружи и најавениот процес за прием на 250 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд