Објавен конкурс за обука на воени пилоти
Министерството за одбрана и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска објавија конкурс за запишување на осум слушатели на стручно оспособување и усовршување за воени пилоти.
Од МО соопштија дека кандидатите треба да имаат завршено високо образование и да не се постари од 28 години. Потребно е да ги достават своите апликации со потребните документи најдоцна до 26 октомври. При приемот предвид се зема успехот на кандидатите од завршеното високо образование и проверките за физичка подготвеност.
Појаснуваат дека натамошната селекција се состои од проверка на познавање на англискиот јазик, здравствени проверки и селекција на земја и во воздух која се врши во Центарот за обука на пилоти, кој претставува еден од најусовршените центри за обука на пилоти во регионот.
Центарот за обука на пилоти изведува обука за пилоти по најсовремени методи и во одлични услови. Обуката е поделена во три фази – основна пилотска обука за летање на авион, основна пилотска обука за летање на хеликоптер и напредна пилотска обука за летање на хеликоптер. Обуката е во времетраење од 19 месеци, по што новите пилоти добиваат „летечки знак“, звање пилот и стануваат офицери во Армијата на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница