Објавен Конкурс за доделување „Рациново признание“ за 2017
Организаторот на културната манифестација „Рацинови средби“ со надлежност од општина Велес, Здружението на граѓани „ФАД Стоби“ објавува Конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2017 година.
Наградата „Рациново признание“ се доделува за прозна книга која е иновација во форма, структура и содржина и која ја одбележала годината меѓу двете Рацинови средби. Право на учество на конкурсот имаат сите издавачи кои во периодот од јуни 2016 до април 2017 година објавиле прозни дела на македонски автори.
Делата во четири примероци треба да се достават на адреса: Општина Велес, за културна манифестација „Рацинови средби“, ул. „Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес. Конкурсот трае до 5 мај 2017 година.
За наградата ќе одлучува стручна жири-комисија во чиј состав се писателите Сашо Димоски и Владимир Јанковски како минатогодишни лауреати на наградата и Марија Ѓоргиева Димова, редовен професор на Катедрата по општа и компаративна книжевност.
Наградата „Рациново признание“ се доделува само на живи автори и се сосотои од плакета и паричен износ во висина од 60.000 денари, кои на добитникот традиционално ќе му бидат врачени на свеченото затворање на 54-тите „Рацинови средби“ на 10 јуни во Велес.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени