Објава на пораките од тајната служба за време на упадот во Капитолот
Конгресната комисија за истрага околу упадот во американскиот Капитол лани на 6 јануари, денеска се очекува да ги разгледа пораките од агенти на тајната служба испратени ден пред и на самиот ден на нападот, изјави синоќа конгресменката Зои Лофгрен за телевизијата Еј-Би-Си.
–Очекуваме да ги добиеме до вторник. Ни требаат сите пораки од 5-ти и 6-ти јануари, изјави Лофгрен, демократка од Калифорнија.
Нападот се случи кога илјадници приврзаници на тогашниот претседател Доналд Трамп упаднаа во Конгресот со намера да ја блокираат потврдата на победата на Џо Бајден на изборите во 2020 година, а повикани од Трамп и негови приврзаници.
Лофгрен рече дека на истражната комисија ѝ требаат пораките од тајната служба „за да се добие целосната слика” за она што се случило пред и за време на нападот на Капитол.
Тајната служба минатата недела соопшти дека некои податоци од телефоните биле изгубени при планирана замена и ресетирање на ајфоните, но дека сите барани пораки биле зачувани.
-Бев шокирана кога слушнав дека тие не направиле резервна копија од нивните податоци пред да ги ресетираат своите ајфони, рече Лофгрен.
Тајната служба минатата недела соопшти дека секоја „инсинуација” дека намерно бришела текстови е лажна и оти комисијата ја има нејзината „целосна и недвојбена соработка”.
Ново на Сител
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од Скопје
-
13 години од монструозното убиство кај Смилковско езеро
-
Руте вели дека Русија размислува за распоредување нуклеарно оружје во вселената
-
8-годишно дете и баба прегазени во Кочани
-
Приведен малолетник од Тетово, фатен со дрога
-
Тошковски: Отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туриза
-
Кремљ: Путин и Виткоф разговараа за условите за постигнување мир во Украина