Обиени бравите на металните порти што го заградуваат Предворјето на црквата Света Софија во Охрид
Непознати лица синоќа ги искршиле бравите на двете метални порти што го оградуваат западниот дел од дворот на катедралната црква Света Софија во Охрид.
Портите беа поставени за да се огради тој простор што се користи како летна сцена за одржување културно-музички манифестации, најчесто во рамки на програмата на Фестивалот „Охридско лето“.
Според затекнатата ситуација, непознатите сторители ги искршиле барабаните за заклучување на портите. Настанот е пријавен во полиција која попладневно изврши увид на лице место, така што останува да преземе активности за расветлување на случајот.
Заклучувањето на просторот наиде на негодувања кај жителите од тој дел на Охрид, барајќи од Дебарско-кичевската епархија портите да бидат отклучени во текот на денот заради непречено движење на пешаците.
Не е познато дали насилното обивање на металните порти кај Света Софија е дело на револтирани граѓани или за листо вандалски чин, останува тоа да го утврди истрагата.
Ново на Сител
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење